Наумче Мојсоски и официјално е нов директор на Агенцијата за млади и спорт
Познатиот ракометар од Струга, Наумче Мојсоски, на вчерашната владина седница е именуван за нов директор на Агенцијаат за млади и спорт.

Мојсоски на оваа функција доаѓа на местото на Дарко Каевски кој стана пратеник во Собранието.
Во успешната кариера ги носеше дресовите на ЧМС Букурешт, Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга.
За националниот тим на Македонија одигра повеќе од сто натпревари.
Својата кариера како играч, Мојсоски ја заврши во 2016 година.
Последниве две години беше претседател на РК Струга и е еден од организаторите на Интернационалниот турнир во ракомет што секоја година во август се одржува во Струга.
Strugaonline

