НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1-ви јуни 2023 до 31 мај 2024 година.
-Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик.-информираат од СВП.
Додаваат дека на конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.
Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 јуни 2024 година.
Интегралниот текст на Конкурсот со критериумите и условите може да го видите на следниот ЛИНК на веб страницата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“
Strugaonline
Facebook Коментари