-Согласно новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци. -информираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Од таму додаваат дека како и досега доследно продолжуваат да се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки за заштита на здравјето на играчите и вработените.
Дополнително информираат дека дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на Асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19:00 часот.

Според мерките кои ги предложи Комисијата за заразни болести, а владата ги прифати, од денеска угостителските објекти смеат да работат до 18:00 часот, па следствено на тоа и обложувалниците со угостителска дејност ќе завршуваат во 18:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари