Лев банер Десен банер

(ОБНОВЕНО) Државните инспектори за труд донесоа 84 забрани на работодавачи кои не ги почитувале препораките за работа на високи температури

Во врска со соопштението за извршени надзори од страна на ДИТ, а согласно дополнително пристигнатите информации во МТСП,  Mинистерството информира дека  се изречени повеќе забрани за работа отколку што претходно известивме (84 наместо 36). Во продолжение е дополнетата информација, заедно со податок за дејностите во кои се изречени забрани. Инаку, забраните за работа се однесуваат на денот кога е извршен надзорот, а доколку при контрола се увиди дека препораките повторно не се почитуваат, следи прекршочна постапка.

На 04. 05 и 06. 08. 2017г.  Државните инспектори за труд-од областа безбедност и здравје при работа, на територија на Република Македонија, извршиле вкупно 207  инспекциски надзори кај работодавачи за почитување на препораки за топлотен бран и донесени се 84 забрани на работодавачи кои не ги почитувале препораките да не се работи на

отворено од 11 до 17 часот.

 

ЗАБРАНИ СЕ ДАДЕНИ ВО СЛЕДНИВЕ ДЕЈНОСТИ:

 

Градежна дејност 67
Преработувачка дејност 2
Земјоделска дејност 13
Рударство, вадење на камен 2
ВКУПНО: 84

 

error: