Во моментот се приведени и задржани 14 лица во полициските станици, меѓу кои е и поранешниот министер Крешник Бектеши. Обвинителството за сите нив ќе побара одредување мерка краткотраен притвор. Во оваа фаза од постапката може да им биде одреден само 48-часовен притвор, но по формално отворање на истрагата, постои можност притворот да биде продолжен и на 30 дена.
– Полицијата има законско овластување да го приведе и да го уапси секое лице кое придонело за последиците, без разлика за кого се работи. Тоа што можам да го ветам е дека истрагата ќе биде брза и ефикасна и дека сите што се огрешиле ќе одговараат. Ги разбирам граѓаните дека имаат огромна тага и болка, бидејќи и јас самиот чувствувам гнев, но апелирам дека мора смирено да делуваме и да се осигураме дека веќе никогаш нема да се соочиме со слични работи – потенцираше Коцевски.
Во однос на осомничените кои моментално се во тешка здравствена состојба, тој изјави дека постапката против нив привремено е ставена во мирување и ќе продолжи веднаш откако нивната здравствена состојба ќе дозволи натамошни процесни дејствија.
plusinfo.mk
StrugaOnline
Facebook Коментари