Од 1-ви февруари до 31-ви март ќе трае наградниот фотографски натпревар „Вики го сака фолклорот 2023“

- Македонија
487
Здружението ,,Споделено знаење“ известува  дека од 1 февруари до 31 март ќе трае наградниот фотографски натпревар „Вики го сака фолклорот 2023“.
-Македонското издание ќе биде во рамки на четвртото меѓународно издание на Вики го сака фолклорот, организирано од иницијативата Wiki Loves Folklore. Македонскиот натпревар е со цел обезбедување слободни фотографии од фолклорот од Македонија. Целта на тие фотографии е понатаму во иднина да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти.-информираат од  Здружението ,,Споделено знаење“, организатори на првото македонско издание.
Предвидени се  две категории на награди: месни (македонски) и меѓународни.
Најуспешните фотографии според оценката на месно стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од Споделено знаење, и тоа:
Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра
Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра
Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра
Награда за учесник со најмногу фотографии – денарска противвредност од бруто 300 евра
Најуспешните фотографии, според оценката на меѓународното стручно жири, ќе бидат наградени со ваучерски награди, доделувани од иницијативата Wiki Loves Folklore, и тоа:
Прва награда за највисоко оценета фотографија – ваучер од 500 амер. долари
 Втора награда за втора највисоко оценета фотографија – ваучер од 400 амер. долари
Трета награда за трета највисоко оценета фотографија – ваучер од 300 амер. долари
 Утешни награди за останатите десет највисоко оценети фотографии – 10 ваучери од по 40 амер. долари
Награда за најдобро видео и награда за најдобро аудио податотека – 2 ваучери од по 150 амер. долари
Две награди за учесници со најмногу закачени фотографии – ваучер од 100 амер. долари (прво место) и ваучер од 50 амер. долари (второ место)
 Разгледници со Вики го сака фолклорот за најдобрите 100 закачувачи на фотографии.
Повеќе за натпреварот на неговата главна страница

Facebook Коментари