Од 1-ви март повторно ќе може да се плаќаат сметки во пошта

- Македонија
669

Oд 1 март ќе профункционира платниот промет на „Македонска пошта“, откако до крајот на годинава ќе се потпише договорот со Халкбанк, соопшти  директорот на „Македонска пошта“, Јани Макрадули.

„Провизијата за плаќање сметки во пошта е најмала и ги замолувам граѓаните да имаат трпение. Ние како универзален оператор имаме обврска да одржуваме 330 точки низ државата. Има места во кои не можете да платите сметки на друго место освен во пошта бидејќи на банките не им се исплати да имаат филијали во руралните средини“, изјави  Макрадули на денешната прес-конференција

„Пошта“ остана без платен промет во август година по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ со која имаше склучено договор. Оттогаш филијалите на пошта функционираа само за испраќање на пратки и писма.

На денешната прес-конференција Макрадули информираше дека ,,Пошта“  има големи долгови во висина од околу 10 милиони евра.

Facebook Коментари