Од денес ќе уживаме во повисоки цени на горивата

- Македонија
789

Регулаторната комисија за енергетика реши да ги зголеми цените на дериватите за 2,57%. Така, од полноќ Еуросупер-95 е поскап за два денара, и литар чини 67,5 денари. Еуросуперот- 98, дизелот и екстралесното масло за домаќинство се зголемени за 1,5 денар, додека килограм мазут е поскап за 0,4 денари.

Корекцијата на малопродажните цени според Регулаторна е направена поради растот на берзанските цени на суровата нафта за 4,7 насто во последните две недели, како и движењето на курсот на американскиот долар во однос на денарот.

Facebook Коментари