Oд денеска нови роаминг цени во Западен Балкан

- Македонија
1211

Од денеска услугите во роаминг за сите земји од Западен Балкан, пониски до 90% .

„Граѓаните на Северна Македонија од денеска: Ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан по цена од 5,05 денари по минута (со ДДВ).
Досегашната цена во просек беше 75,4 денари.  Ќе можат да примаат повици во било која од земјите од Западен Балкан по цена од 2,9 денари по минута (со ДДВ). 
Досегашната цена во просек беше 30,2 денари.
• Ќе можат да праќаат СМС пораки од  било која од земјите од Западен Балкан по цена од 2,6 денари (со ДДВ). денар.
•Ќе можат да користат интернет во било која од земјите од Западен Балкан по цена од 1,9 денари (со ДДВ).“ -информира Министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчески.

  Цените се линеарни изразени во денари и важат за сите земји и за било кој оператор. Манчески најави дека до 2021, цените за повици, пораки и интернет ќе изнесуваат 0 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари