Од денеска основните производи за исхрана во трговијата треба да се продаваат со нула проценти данок на додадена вредност.
– Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца ќе мора да ги прилагодат фискалните апарати. Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погоре споменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност, информираат од Управата за јавни приходи.
Од таму објаснуваат дека оваа обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со што се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Оваа одлука ќе биде сила до 31-ви мај годинава.
Facebook Коментари