Владата на Република Северна Македонија на 68-мата седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од среда, 5-ти мај, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.
Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
Мерката ќе трае до 15-ти мај 2021 година.
Facebook Коментари