Од денеска забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури

- Македонија
81

Од денеска, на државните патишта во Република Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, а ќе трае до 31. август, информираат од АМСМ.

Термините се следни:

– петок од 17:00 до 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје (со важност до 1. септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 до 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Извор: АМСМ, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари