Од наредната година Регулаторна комисија ќе ја одредува цената на водата

- Македонија
1023

Од 1 јануари следната година Регулаторната комисија за енергетика ќе биде надлежна за утврдувањето на цената и тарифите на водните услуги на јавните комунални претпријатија и водостопанствата кои се производители на сирова вода во општините со повеќе од 10.000 жители, а од 1 јануари 2019 година и за сите општини во Македонија.

Регулаторната комисија одржа јавна расправа на која се разгледуваа Предлог правилникот и Предлог методологијата за утврдување тарифи за водните услуги и сите засегнати можеа да достават забелешки и мислења. Во наредниот период ќе следува подготвителна седница на РКЕ на која уште еднаш ќе можат да се поднесат забелешки, а на крај правилникот и методологијата ќе бидат усвоени на седница на РКЕ.

Делегирањето на надлежноста на РКЕ за утврдување на цените на водните услуги ќе значи воведување ефикасен систем на утврдување на цените и тарифите што ќе им овозможи на сите компании кои ќе достават барање и ќе користат тарифа да имаат предвидливи услови. Тарифата ќе треба да им ги покрива оперативните трошоци, амортизацијата и да им овозможи правилно насочување на сите средства во подобрување на инфраструктурата со крајна цел подобрување на квалитетот на услугите кои ги нудат на потрошувачите, како и достапни цени за сите потрошувачи на водата за пиење, велат од РКЕ.

Претседателот на РКЕ посочи дека се уште не се направени анализи дали по преземањето на утврдувањето на цената на водните услуги од регулаторот ќе има поскапување или поевтинување на цената на водата за пиење.

извор: РКЕ

Facebook Коментари