Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергатика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 60,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува 49,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,365 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,196 денари.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена кај бензинот во просек за околу 1,421 отсто и кај дизелот за околу 1,816 отсто, како и за 0,469 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Facebook Коментари