Од вечерва на полноќ ќе има нови цени на бензините и дизелот.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 поскапува за половина денар и од полноќ ќе се точи по 68 денари за литар. Цената на литар Еуросупер БС – 98 останува непроменета и натаму ќе чини 69,5 денари.
Цените на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар, па Еуродизел (Д-Е В) ќе се продава за 59,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар.
Со одлуката на Регулаторна за 0,807 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,099 денари.
Овие цени ќе важат во наредните 14 дена.
Facebook Коментари