Од вечерва на полноќ нови цени на бензините и дизелот. – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, бензините поскапуваат за половина денар, па Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се точат за 68,50 односно 70,50 денари за литар.
Цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за еден денар, па од полноќ ќе се продава за 61 денар. За денар поефтинува и екстра лесното масло за домаќинство.
Овие цени цени ќе важат до идниот понеделник.
Facebook Коментари