Од полноќ ново поскапување на горивата
Од утре стапува на сила одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за ново поскапување на горивата за два денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 70 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,5 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од утре ќе чини 62 денари за литар. За два денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 50,5 денари за литар.
Ново поскапување на нафтените деривати е диктирано од движењата на цените на светските берзи. Според методологијата на пресметка на РКЕ курсот на доларот и цената на нафтата се главни за одредување на цената на горивата во Македонија.
Новите цени ќе важат во следниве две седмици.

