Од полноќ поевтинуваат бензините

- Македонија
889

Од вечерва на полноќ нови, пониски цени на бензините.

Согласно новата методолигија на Регулаторната комисија за енергетика, што почна да се користи минатата недела, за еден денар поевтинува цената на Еуросупер БС 98, додека за денар и половина поевтини ќе бидат Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по 72 денари, а литар Еуродизел ќе чини 62,50 денари. Новата цена на Екстра лесното масло ќе биде 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 35,118 денари за килограм.

Овие цени ќе важат во наредните седум дена.

Facebook Коментари