Од полноќ поевтинуваат бензините, поскапува дизелот

- Македонија
799

Од ноќеска на полноќ се намалува цената на бензините, а поскапуваат дизелот и Екстра лесното масло.-одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно  одлуката, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 од полноќ се намалува за еден денар и ќе изнесува 48,50 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 ќе се намали за 1,50 денари и ќе изнесува 50,50 деари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе бидат  46, односно 35 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 денари по килограм и ќе изнесува 18,891 денари за килограм.

Facebook Коментари