Од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
792

Од ноќеска на полноќ Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98.  Литар дизел ќе се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.

За 2,028 денари по килограм се намалува цената на маузтот М-1 НЦ и килограм од тој енергенс ќе чини 32,894 денари.

Strugaonline

 

Facebook Коментари