Од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
502

Од ноќеска на полноќ  поевтинуваат бензините и дизелот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за половина денар, па ќе се точат за 59,50, 61,50, односно 52 денари за литар соодветно.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува 52 денари за литар.

Се зголемува само ценатана мазутот М-1 НС и ќе се продава за 26,365 ден/кг.

Овие цени ќе важат  во следниве седум дена.

Facebook Коментари