Од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
592

Од вечерва на полноќ повтрорно се намалуваат цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар, додека цената на Еуродизел (Д-Е V) за денар и половина.

Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 денари за килогрaм.

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 66 денари/литар

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 68 денари/литар

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 55 денари/литар

Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 44,50 денари/литар

Мазут М-1 НС – 34,426 денари/килограм.

Facebook Коментари