Од полноќ повторно се намалуваат цените на нафтените деривати.-одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката , Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,195 денари за килограм.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 71,50 денар/литар
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 73,50 денари/литар
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 62 денари/литар
- Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 62 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 36,681 денари/килограм.
Facebook Коментари