Од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
175

Регулаторната комисија за енергетика денеска излезе со нови цени за горивата кои ќе важат од полноќ. Малопродажните цени на бензините и на дизелот се намалуваат за 0,5 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 76 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 78,5 денари по литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68,5 денари по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,680 ден/кг, и ќе изнесува 41,025 денари по килограм, додека поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство и од утре ќе изнесува 68,5 денари.

StrugaOnline

Facebook Коментари