Од полноќ поевтинуваат нафтените деривати.
Согласно најновата одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за еден денар, а на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар.
Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе биде 69,50, на Еуросупер БС-98 71,50, на Еуродизелот 61,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 денар.
РКЕ одлучи да се намали и малопродажната цена на мазутот М-1 НС , истиот ќе чини 34,167 ден/кг.
Facebook Коментари