Од полноќ поскапуваат бензините

- Македонија
655

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник. Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) и Мазутот ќе се точат по стара цена.

Согласно одлуката на РКЕ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, додека цените на Еуродизел (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и мазутот М-1 НС нема да се променат.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 72 денар/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 74 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 63 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 37,719 денари/килограм.

Facebook Коментари