Од полноќ поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

- Македонија
413

Цената на бензинот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 и 2,5 денари за литар, а цента на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 111,5 додека пак  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 99,5 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така се зголемува за 3 денари, односно ќе се продава за 98,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 54,6 денари.

Извор: ТВ 21

Facebook Коментари