Од полноќ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

- Македонија
545

Oд полноќ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, a цените на бензините остануваат исти.-одлучи Регуларотната комисја за енергетика.

Согласно одлуката, и  оваа недела Еуросупер БС 95 ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а Еуросупер БС 98 по цена од 71,50 денар.

За половина денар се зголемува цената на дизелот и од полноќ ќе се продава по цена од 62 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 дененари за килограм и ќе изнесува 35,343 денари за килограм.

 

Facebook Коментари