Од полноќ поскапуваат горивата

- Македонија
514

Од ноќеска на полноќ поскапуваат нафтените деривати.

Согласно  одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за еден денар, додека Еуродизел (Д-Е V) за половина денар. За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), додека на Мазутот М-1 НС за 0,722 ден/кг.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,50 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,50 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 78 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 41,988 денари/килограм.

Facebook Коментари