Од следната година лимитот за поврат на ДДВ ќе се зголеми на 2.100 денари

- Македонија
458

Oд 1-ви јануари 2023 година ќе се зголеми лимитот на сумата за поврат на ДДВ од сегашните 1.800 денари на 2.100 денари за едно тримесечје, рече на прес конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на тригодишнината од примената на мерката „Мој ДДВ“.

 За ова во следниот период, координирано со министерот за финансии, ќе се поднесе предлог измена на законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица.

– Оваа измена е со цел од наредната година, односно од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот за ДДВ, со што граѓаните наместо 1.800 денари за тромесечје, ќе можат да добијат максимален износ од 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Ова ќе биде дополнителен стимул и кај граѓаните и кај фирмите, едните да бараат, другите да издаваат фискални сметки. Апел до граѓаните за редовно ажурирање на промените на податоците во апликацијата, рече Лукаревска.

Facebook Коментари