Oд утре полициски час од 20:00 часот, се затвораат угостителските објекти

- Македонија
712

-На денешната седница на Владата донесовме одлука за дополнителни мерки. Најновите тенденции кои што ни се презентирани од здравствените власти јасно покажуваат дека британскиот сој зема се поголем замав. Со оваа ситуација се соочуваат земјите од Европа и светот. Овој вид заразува полесно и побрзо и резултира со тешки последици, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

Од овие причини, а во пресрет на затоплувањето и на големите празници, соагласно потребата да се одморат  здравствените работници и да престане да расте бројот на заболени, Заев информираше дека е донесена одлука за нови рестриктивни мерки.

  • Забрана и посебен режим на граѓаните во временски период од 20:00 до 05:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6-ти април до 20-ти април.
  • На граѓаните кои извршиле вакцинација во центрите за вакцина за временскиот период пред започнувањето на забраната им се дозволуива враќање до своите живеалишта врз основа на потврда за извршена вакцинација
  • Целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти и други кои даваат угостителски услуги, како и во делот за храна на хотели, мотели и пансиони, а оние објекти кои вршат подготовка на храна може да вршат продажба алтернативно, на пример онлајн и сите да вршат достава или да има самостојно подигнување на нарачката преку штанд почнувајќи од 7-ми до 20-ти април. Исклучок од ова се аеродромите во Скопје и Охрид, како и деловите за храна во објектите за сместување од лица сместени таму.
  • Целосна забрана за посетители гости во сите обложувалници, приемот на посетителите да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга почнувајчи од 7-ми април
  • Целосна забрана за посетители гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски сали наменети за вежбање од 6-ти април
  • Се забранува организирање, одржување и учерство на секаков вид семинари, обуки, курсеви и други настани од ваков вид од утре, 6-ти април
  • На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозвола.
  • За време на забраната за движење сите граѓани кои жиовеат во станбени објекти и имаат домашни миленичиња да може да ги изнесуваат во 22:00 до 23:00 часот најмногу до 100 метри од објектот до кој живеат.
  • Останува на сила строгата забрана за групирање за повеќе од 4 граѓани.

Премиерот Заев најави зајакнати инспекциски контроли и полициски активност со цел да се спречат масовни групирања.

,,Почитувањето на новите мерки е неопходност. Ќе има зајакнати инспекциски контроли и полициски активност со цел да се спречат масовни групирања. Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните. Досега недоволно се почитува мерките. Посебна олабавеност се гледа во последните седмици. Новиот вирусен бран не се споредува со претходните. Овој вирус е многу поопасен и многу побрзо прогресира“,  рече Заев додавајќи дека сега се случува најголемото оптоварување на здравствениот систем од почетокот на пандемијата досега.

Facebook Коментари