Од утре во Македонија портокалово ниво на опасност од високи температури

- Македонија
425

Од утре до средината на следната седмица на повеќе места низ државата ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.

-Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.-стои во соопштението од УХМР.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со совети за справување со топлото време. Препорачуваат граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и широка памучна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира

Активностите што ги планираат граѓаните да се одвиваат пред 11:00 и по 17:00 часот, додаваат од ИЈЗ.

Facebook Коментари