ТОП Вести

Од утре замрзнати цени на јајцата и оризот

- Македонија
444

Министерството за економија утре ќе достави предлог до Владата за замрзнување на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март, додека кај цената на брашното и белиот шеќер во моментов нема да се предложи таква одлука.

“Утре ќе се замрзне цената на јајцата од кокошка и македонскиот ориз согласно цените кои биле во текот на март, а во делот на шеќер и брашно во делот на увозните цени и производни цени имаме намалување на цените во изминатиот период и нема да превземеме никавми мерки за овие два производи засега, очекуваме трендот на намалување да продолжи“, кажа министерот и додаде дека одлуката за змарзнување на цените ќе стапи на сила веднаш по објавување во Службен весник.

„Во делот на јајцата, ние имаме најниска цена во регионот и во моментот се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз.

За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од државата“, кажа министерот.

Во наредниот период Министерството за економија ќе продолжи континуирано да следи и да анализира на дневна основа доколку има потреба во наредниот период ќе се донесат и дополнитено одлуки за други производ, кажа Бектеши.

Facebook Коментари

error: