Од утрово е воведена забрана за тешки товарни возила преку Стража

- Македонија
580

Од 08:30 воведена е забрана за тешки товарни возила на патен правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Извор: АМСМ

Facebook Коментари