Останува мерката полициски час од 22:00, ако е потребно за нови мерки ќе се одлучува следната недела

- Македонија
814

Засега нема нови рестриктивни мерки за заштита од вирусот ковид 19.

Министерот Филипче на денешната прес конференција иинформираше дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести одлучено е дека рестрикцијата за забрана на движење после 22 часот нема да се дополнува.

„Евидентно е дека се наоѓаме во екот на 3-тиот бран од почетокот на пандемијата и имаме постојан раст на бројот на активните случаи. Бележиме раст од нешто повеќе од 5.000 случаи во последниот месец. Состојбата во болниците говори дека имаме 1.100 пополнети болнички места и притисокот во изминатите денови посебно во Скопје беше навистина голем и правевме систем на менаџирање со сите директори на болниците и прилагодување на капацитетите и отворање на нови. Засега имаме сосема доволен број на болнички капацитети за сместување на пациентите. Сите КОВИД центри се во функција, некаде се користат, некаде сѐ уште не.“ – изјави Филипче

Тој додаде дека ако евентуално треба дополнителни рестрикции, за тоа би се одлучувало на нов состанок со Комисијата на почетокот на наредната недела.

Strugaonline

Facebook Коментари