Лев банер Десен банер

Осумнаесет години без нашиот Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби нашата музичка икона Тоше Проески.

16-ти октомври секогаш ќе биде тажен ден, иако Тоше ни даде многу причини за насмевка. Неговите балади остануваат наши молитви, неговите хумани дела се патоказ за тоа како треба да живееме. Во спомен ни остануваат многуте концерти, насмевки, рефрени, солзи радосници и ежење од преполни концертни сали и вонсериска енергија која бевме благословени да ја почувствуваме. Со музика и хуманост скромното момче од Крушево го победи времето затоа што и после осумнаесет години е се уште присутен во нашите срца.

Секој индивидуално наоѓа начин да го чува Тоше во своето срце, а на дело тоа го покажуваат  и маратонците од повеќе градови од Македонија кои како и изминативе седумнаесет години, и годинава  во чест на Тоше трчаат маратон од Нова Градишка до Крушево. Тие денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

Тоше беше на чекор до светска кариера, која не се оствари поради трагичната несреќа, но неговите дела и понатаму ќе ги радуваат армијата фанови.

StrugaOnline

error: