Ова се новите цени на бензинот и дизелот кои започнаа да важат од синоќа на полноќ

- Македонија
860

Регулаторната Комисија за Енергетика вчера  донесе одлуката за нови цени  на бензинот и дизелот.

Цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголеми за половина денар, па литар од овие горива ќе се точи за 66, односно 67,50 денари.

И Еуродизелот (Д-Е V) поскапе за половина денар и  чини 54,50 денари.

Овие цени ќе важат во следниве две недели,а според најавите до крајот на годината ќе има уште една рекалкулација на цените.

 

 

Facebook Коментари