Ова се трите можни сценарија за следење настава во следната учебна година

- Македонија
508

За начинот на следење настава во претстојната учебна година 2021/2020 можни се  три сценарија-информираше денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Како што кажа, за нив ќе одлучува Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката состојба.

„Сите, и јас и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, сакаме учебната година да почне со првото сценарио, целосно отворање на училиштата согласно здравствените протоколи за сите одделенија и сите години. Второто сценарио е со физичко присуство да одат учениците од прво до четврто одделение, останатите онлајн. Третото сценарио е да бидат поделени во групи, една недела да оди една група ученици, друга недела втора група ученици“, појасни Царовска.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари