Оваа година Македонија беше домаќин на Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класика за сениори

- Македонија
1141

Оваа година Македонија, Градот Скопје и Кајакарската федерација на Македонија беа домаќини на Европското првенство во кајакна диви води во спринт и класика за сениори. На Европското првенство учевствуваа 18 европски држави, 170 натреварувачи и околу 100 спортски работници и делегати. Изминативе четири дена Скопје беше центарот на кајакарскиот свет.

Првите два дена на 11, 12-ти мај натпреварите во КЛАСИК се одржаа на реката Вардар од Мостот на Обединети Нации до стара градска плажа (кај ККК ИЛИНДЕН 90 СКОПЈЕ) каде на 12.05 се одржа и првото свечено доделување на медали во оваа дисциплина, а на наша голема чест на доделувањето присувствуваше и претседателот на Р. Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов, почесен претседател на Европското првенство кој доделуваше медали во дисциплината К1 жени како и директорот на агенција за млади и спорт односно покровителот на Европското првенство  Г-дин Марјан Спасевски кој доделуваше медали во категоријата Ц2 жени.

НА 13-14.05.2017 година саботата и неделата се одржаа натпреварите во дисциплината спринт на дива вода, традиционално на кајакарската патека на Треска. Вчера беше свеченото прогласување на најдобрите во оваа дисциплина.

Македонската репрезентација броеше вкупно 7 натпреварувачи од кој четворица во категоријата К1 мажи, еден во категорија Ц1 мажи и двајца во категорија мастерс.

Наш најдобар натпреварувач е Љубомир Спасиќ кој на ова европскопрвенство заврши како 17.

Од организациски аспект Кајакарската федерација се покажа како одличен  домаќин а воедно за организаторите беше доделена и плакета од страна на подпрецедателот  на Европската кајак асоцијација Мирослав Хавиер  за успешно реализирано ЕП. Плакетата ја прими претседателот на КФМ Г-дин Коста Ефтимов кој се заблагодари на сите учесници а воедно и порача дека со некои од нив ќе се сретнеме и наредна година кога кајакарската федерација на Македонија повторно ќе биде организатор на ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЈУНИОРИ И СЕНИОРИ ДО 23 ГОДИНИ.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари