Граѓаните годинава последен пат ќе поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи за остварени дополнителни приходи во текот на претходната година. Според измените на Законот за персонален данок на доход, кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, од следната година, ќе добиваат пополнета годишна даночна пријава што ќе ја издава Управата за јавни приходи, а даночниот обврзник само ќе ја потврдува.
За приходите остварени во 2017 година даночните обврзници може да поднесат годишна даночна пријава до 15 март оваа година. ГДП може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта.
Граѓаните имаат обврска да пријават доколку оствариле приходи од издавање под закуп на станбен објект или хонорар по основ на авторски договор, за остварена добивка од наградна игра над 5.000 денари или пак дивиденда.
За приходите остварени во 2017, даночните обврзници може да поднесат годишна даночна пријава најдоцна до 15 март 2018 година.
Извор: А1он
Facebook Коментари