Овој викенд започнува летното сметање на времето

- Македонија
1151

Летното сметање на времето започнува претстојниов викенд, ноќта помеѓу 24 и 25 март 2018 година (сабота-недела), часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
Летно сметање на времето е  договорено правило за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како вонвременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

 Strugaonline
фото: aрхива

Facebook Коментари