Почина Панчо од групата ДНК
Почина Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден ноќта на 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој неколку месеци се лекуваше од тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“.
Владимир Блажев-Панчо почина на 46-годишна возраст. Тој беше роден на 29 јули 1979 година во Скопје.
Со смртта на Владимир Блажев-Панчо, бројот на загинати лица во трагичниот пожар во „Пулс“ се искачи на 63 лица.
StrugaOnline

