Почина познатиот виртуоз на шишиња Зоран Маџиров

- Македонија
1167

Виртуозот кој совршените музички звуци ги создаваше на шишиња, Зоран Маџиров почина денеска на 49 годиншна возраст.

Маџиров во октомври 2016 година беше тешко повреден во сообраќајна несреќа, на патот Струмица – Штип, по што во коматозна состојба беше хоспитализиран на КАРИЛ во Скопје.

Во јавноста беше познат како„ботлмен“.
Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute, – стои во неговата биографија објавена на Википедија.

Facebook Коментари