Лев банер Десен банер

Под слоганот „Ти биди промената“ денеска се одбележува Светскиот ден на водите

Според календарот на Обединетите нации, денеска на планетата земја се одбележува Светскиот ден на водите.

Преку една милијарда луѓе денес немаат пристап кон чиста вода за пиење, а милиони умираат од нејзин недостиг. Климатските промени, загадувањето на водите на земјата и прекршувањето на поставените еколошки норми само го интензвираат редуцирањето на резервите на вода.

Под слоганот „Ти биди промената“, акцентот на кампањата за оваа година е ставен на поединецот односно на сите луѓе без разлика во кое својство, колку можеме да придонесеме со цел да го промениме начинот и навиките при користењето и заштедата на водата.

error: