Лев банер Десен банер

Поетесата Марина Мијаковска ќе настапи на интернационалниот поетски фестивал во Саранда

Поетесата Марина Мијаковска ќе учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Р. Албанија.  Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а ќе се одржи во периодот од 29 септември до 1 октомври.

На десеттото издание на фестивалот The Trireme of the Ionian Poetry ќе настапат осумдесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде промовирана антологијата Trirema e Poezisë Joniane“, во која се застапени учесниците со творби во превод на албански јазик.

Марина Мијаковска е застапена со три творби од стихозбирката „Постела на тишината“, а за оваа книга Мијаковска ја доби наградата „Бели мугри“ за 2015 година.

Strugaonline

error: