Значително е намален бројот на новозаболени лица, а огромен дел од одделенијата што беа претворени во ковид центри се вратија на својата нормална работа- информираше денеска министерот Филипче.
Тој додадека болничките капацитети ширум државата се исполнети од 20% до 30%. Мерките што се сега на сила ќе важат до 1-ви јуни, а нова одлука ќе се носи во зависност од епидемиолошката слика во периодов што следува.
Што се однесува до процесот на вакцинација, Филипче посочи дека досега се вакцинирани нешто помалку од 200 000 граѓани, а 30 000 се ревакцинирани.
500 000 вакцини од кинески Синовак во земјава ќе пристигнат на почетокот на јуни, а во текот на истиот месец ќе стигнат и 100 000 вакцини од производителот Фајзер.
Во моментов се вакцинираат граѓаните над 40 години кои се пријавиле на web платформата vakcinacija.mk.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари