Поради пожар затворен граничниот премин „Богородица“

- Македонија
336

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица.

-Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.  -стои во соопштението од МВР.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари