Поскапуваат бензините, цената на дизелот не се менува

- Македонија
650

Од полноќ поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста.-одлучи РКЕ.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар и ќе чини 62,50, додека цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар и ќе се точи за 64,50 денари.

Цената на Еуродизелот останува иста и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 60 денари.

Oвие цени стапуваат на сила од вечерва  на полноќ и ќе важат следните две недели.

 

Facebook Коментари