Постигнат е договор со компанијата – производител за набавка на лекот „спинраза“ за третман на лицата со спинална мускулна атрофија во земјава.
Невладината организација „СТОП СМА Македонија“ излезе со соопштение во кое се вели дека Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот тим составен од Министерот за здравство Венко Филипче, Министерство за финансии Драган Тевдовски и Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев постигнале договор со компанијата – производител, за набавка на лекот Спинраза за третман на лицата со Спинална Мускулна Атрофија во Македонија. Останува во периодот кој следи, правните тимови на Владата и на производителот, согласно законите да го припремат договорот и истиот по официјално потпишување да влезе во имплементација.
Со оваа вест се оствари желбата на малиот херој Јане Велковски, на кого му е потребен овој лек. Тој посака по враќањето од Манчестер, потребниот лек да биде достапен и во нашата земја.
Освен малиот Јане кој ги освои срцата на сите со својата мотивација, надеж и позитивна енергија, во Македонија има и други шест лица кои боледуват од спинална мускулна атрофија.
Strugaonline
Facebook Коментари