10 000 потписи се потребни за да се променат законите и правилниците за лицата со посебни потреби. Целта е на овие лица да им се обезбедат услови за поквалитетен живот. После големиот одsив во Скопје, од денеска потписи ќе се собираат и во Прилеп, Охрид, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Неготино. Книгите ќе бидат достапни на пултови во центарот на секој град.
– За 20 отсто да се зголеми сумата за посебниот додаток за нега на лице со посебни потреби. Лицата со посебни потреби кои се постари од 26 години да се издвојат од возрасните кои примаат туѓа нега. Додатокот за мобилност да не биде ограничен со навршување на возраста од 26 години – овој надомест да зависи од здравствената состојба, а не од возраста. ова се само дел од барањата преку кои би се подобрил животот на оваа ранлива категорија граѓани.
Facebook Коментари